| четврток, 6 декември 2018 |

Нов скандал со месо: Во Норвешка свинско месо во халал производи

skara_2

По скандалот со коњското месо кое се продавало како говедско, во Норвешка било пронајдено свинско месо во производите кои се декларирани по халал стандардите. Властите за контрола на храната најавија тужба за произведителот на месо „Kuraas”.

-Ќе го тужиме производителот, норвешката групацијата ‘Kuraas’. Во халал производите воопшто не би смеело да има свинско, а кога ќе најдете пронајдете големо количество свинско месо во таквите производи, тогаш тоа не е случајно, туку станува збор за измама, обвинија од норвешката агенција за контрола на храна.

Норвешката агенција за контрола на храната утврдила дека халал производите од месо, процентот на свинско се движи меѓу 5 и 30%.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top