Згодните гимнастичарки од Данска предизвикаа вистински меѓународен скандал кога на познатата плажа Копакабана ги соблекоа горните делови од костимите за капење, не знаејќи дека тоа во Бразил е забрането.
– Знаеме дека фотографиите се објавени во медиумите и девојките се многу посрамени – изјави тренер на данските гимнастичарки Мите Гридсет.
Таа тврди дека девојките не знаеле дека топлес е забранет во Бразил
– Во Данска тоа е сосема нормално. Ние не дојдовме тука да правиме скандали, туку да го промовираме спортот – додаде Гридсет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.