Пристапот до интернет за кој што сите денес знаеме, во Северна Кореја е забранет, а тоа се со цел „заштита од лошото влијание на Западот“. Полесно е да се живее во мрак отколку во челично-железната комунистичка земја.
Северна Кореја несомнено е земја која се простира зад челично-железната завеса, завиткана со силна цензура и со контрола на мислите на народот.
Доколку посакате да отпатувате во оваа комунистичка земја, заборавете на својот мобилен, пристап до интернет или некоја книга каде пишува за западниот начин на живот. Со тие работи ке се поздравите уште на првата средба со цариниците.
Лидерот на Северна Кореја едноставно настојува да создаде свет на темел на сопствена пропаганда и лаги, кои на народот им ги претставува како „вистини“ во кои мора да веруваат. Секако може да се прашаме, што е со нивниот здрав разум и размислување за вистината. Дозволено им е размислуваат, но своите сомнежи ни случајно не им е дозволено да ги изнесат јавно, на глас, затоа што се изложуваат на потенцинално протерување, на изолација или да ги одведат во концентрационен логор.
Народот на Северна Кореја од неа неможе да побегне ниту виртуелно. Тие за затворени во домашна мрежа која што нема излез на интернет, за кој што сите знеме, односно „врлд вајд веб“. Пристап до него има само владата. Повеќето млади а и постари лица во таа земја немаат слушнато за Елвис Присли.
Како една од најбизарните лаги кои што може да се наведат е дека веруваат дека се во 103 година, а не во 2015, затоа што се натерани да веруваат дека годините се броја од раѓањето на Ким Ил Сунг.
Најбизарни се „вистините“ во кој народот е натеран да верува, а се однесуваат на поранешниот лидер, Ким Јонг Ил, но и сегашниот Ким Јонг Ун.
Издвојуваме 10 од бизарните лаги во кои народот е натеран да верува.
1. Америка ја започнала Корејската војна и дека Американците постојано се со цел за напад на Северна Кореја, а Јужна Кореја е веќе под нивна окупација.
2. Ким Јонг Ил се родил по надприроден пат на света планина во таен воен логор. Во моментот на неговото раѓање се појавила нова ѕвезда од која блескало целото небо и годишното време наеднаш се сменило од зимо во пролет. Овој податок стои во неговата службена биографија.
3. Ким Јонг Ил е модна икона, а тоа станал во 2010 година, кога неговиот стил на облекување станал глобален феномен. Тој се облекувал во еднобојни маици и пантолони во иста боја, без никакви додатоци и украци, а тоа било обично во маслинова-зелена боја.
4. Ким Јонг Ил е многу сакан и на Северна Кореја и завидуваат шурум светот и го слават денот на неговото раѓање.
5. Ким Јонг Ил го измислил хамбургерот.
6. Ким Јонг Ил е најдобриот играч на голф и куглање на светот.
7. Ким Јонг Ил е волшебен. Во неговата службена биографија пишува дека никогаш нема одено во тоалет, затоа што немал потреба да оди. Тој „факт“ е познат низ цела Северна Кореја.
8. Ким Јонг Ил го излечил нискиот раст. Оваа вест се проширила дека тој открил лек против нискиот раст на настанот наречен „Светски фестивал на млади и студенти“, каде ги собрал сите ниски луѓе и им дал од „лекот“. Тоа всушност било неговиот потег на депортирање, па сите ниски луѓе ги депортирал по острови, за да не ги шират своите гени на низок раст. Најиронично е што и тој е со низок раст.
9. Ким Јонг Ил е екстремно талентиран. Научил да оди на своите три недели старост, а со осум недели старот научил да зборува. За време на студиите напишал 1500 книги и направил шест опери.
10. Пристапот до интеренет е забранет, а тоа се со цел да се „заштитат“ од лошото влијание од западот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Ким Јонг Ун: Американската територија е во опсегот на нашето нуклеарно вооружување, а копчето за негово активирање е секогаш на мојата маса
-
Северна Кореја се подготвува да лансира разузнавачки сателит