Џихадистите од Исламска држава го зеле на нишан Балканот, со идеја да создадат „исламски калифат“ во регионот, наречен „Балканистан“, тврди италијанскиот електронски весник „Италинтермедиа Глобалист“.
Професорот на Белградскиот универзитет и експерт за антитероризам Милан Мијалковски предупредува дека џихадистите се закана што се надвиснува над Балканот. Според него, позитивен чекор претставуваат мерките на земјите од регинот со кои се предвидуваат строги казни за оние што ќе заминат да се борат на страна на џихадистите во Сирија и во Ирак.
– Тие мерки треба да се применат ефикасно, ако се им предвид дека стотици жители на балканските земји, но и од други регион се борат во редовите на џихадистите – наведува Мијалковски, додавајќи дека државите на Балканот се плодна почва за регрутирање на џихадистички борци.
Според италијанскиот весник, друг проблем се „заспаните ќелии“ на џихадистите, кои ги има насекаде низ стариот континет и кои во секој момент се подготвени за акција штом добијат наредба од своите претпоставени. За многумина од екстермистите, кои се враќаат во Европа по учеството во активните борби на страна на џихадистите, единствена цел е да вршат напади. А Балканот, како што покажуваат фактите, се наметнува како буре барут во кое исламскиот екстремизам се шири со голема леснотија, наведува „Италинтермедиа глобалист“.
Меѓу балканските земји од каде што најмногу се регрутираат џихадисти се Босна и Хервеговина и Косово, во кои доминира муслиманското население, потенцираат безбедносни експерти за „Италинтермедиа глобалист“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Хорор куќа на Балканот која ги „убила“ сите сопственици
-
Невреме над Балканот, девојче загина од удар на гром
-
Возачите на Балканот во паника: Пристига новиот радар со кој полицијата ќе може освен брзината, да детектира и дали зборувате на телефон!