Вкупно 35 локални кабелски оператори во земјава ќе мора да ги исклучат каналите „Фокс“, „24 часа кујна“, „Спрот клуб 1, 2, 3“ кои се во рамките на дигиталниот пакет на Македонски телеком и „Фокс“, „Фокс ккрајм“, „Спорт клуб прајм“ „Спорт клуб ХД“, „Спорт клуб плус ХД“, „Спорт клуб премиум“ кои се во пакетот на ХД Тотал бидејќи ги пренесувале овие канали без да обезбедат дозвола за реемитување од Агенцијата за аудио и аудиовизулени услуги.
Ова се препорачува во вонредниот програмски надзор на Агенцијата на 49 оператори во земјава извршен пред два дена.
Во извештајот се констатира дека 35 од операторите на јавните електронски комуникациски мрежи вршат реемитување на сервиси спротивно на одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, без дозвола од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги , туку со дозволи од други држави.
Агенцијата констатира дека во дозволата за телевизиско емитување на овие програмски сервиси не е наведено дека може да се реемитуваат во српска верзија како што се практикува од 35 оператори.
Со решението од 27 јануари сите оператори се опоменуваат и се бара да се исклучат наведените програми.
Агенцијата ќе изврши надзор, и како што се наведува доколку не се постапи по барањето ќе поведе прекршочни пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст