| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска сите зборуваат за евровизискиот спот на Црна Гора

tocka-89930

Спотот е сниман во најстудените зимски денови, со дожд и температури блиски до нулата, но крајниот резултат е феноменален.

Сите регионални медиуми денес зборуваат за Црна Гора и нејзиниот евровизиски претставник, кој синоќа ја претставил својата песна “Игранка”. Имено, хип-хоп групата “Who See” заедно со Нино Жижиќ синоќа ја претставиле песната и видео спотот за овогодинешниот Евросонг.

Станува збор за исклучително енергична песна и многу помодерна од она што гледачите на Евросонг веќе навикнале, а по нејзиното објавување, таа веќе станала вистински хит на Јутуб. Кон дел од славата на оваа песна допринесува и спотот во кој се појавуваат разголени раскошни девојки кои ги покажуваат своите танцувачки способности преку “разиграните” облините.

-Спотот мораше да ја следи атмосферата на песната која е весела, жешка, шарена, а истиот го снимавме во најлошиот можен период, среде зима, со поројни дождови и температури близу нулата, но и покрај сите препреки, мислам дека направиме добра работа!, изјавил режисерот на спотот, Зоран Марковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top