| четврток, 6 декември 2018 |

Прегазено петгодишно дете кај Велес, возачот избегал

Петгодишно дете скоро без никакви знаци на живот е донесено вечерва, околу 20.20 часот, на хирушкото одделение во велешката болница. По приемот подолго време лекарите се обидувале да го реанимираат и спасат, пренесува „Дума

– За жал не успеале во намерата – вели портпаролот на болницата, д-р Силвана Мишкова.

Несреќата се случила вечерва околу 20 часот на локалниот пат кој поминува низ центарот на велешката населба Превалец. Детето со мајката и братот во Превалец чекале превоз за дома до селото Горно Јаболчиште. Детето било прегазено, а по ударот возачот не застанал туку продолжил да вози.

Несреќата ја потврди потпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска.

Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top