
–Комеморацијата во логорот Аушвиц-Биркенау беше момент на потсетување на едно од најстрашните злосторства во историјата на човештвото, потсетување до што се може да доведе нетрпеливоста и непочитувањето на разликите меѓу луѓето – оцени македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој вчера заедно со повеќе лидери од Европа, САД и Канада присуствуваше на одбележувањето на 70. годишнината од ослободувањето на концентрацискиот логор Аушвиц-Биркенау.
На настанот, како што соопшти Кабинетот на претседателот Иванов, присуствувале голем број светски лидери, кои пројавиле интерес за состојбите во нашиот регион.

– Разговорите што ги имав со нив покажаа дека многумина не се запознаени со сето она низ што минале Евреите од Македонија, односно како во еден сличен логор на смртта од фашистичка Германија исчезнала речиси севкупната еврејска заедница од Македонија. Разговаравме за состојбите во регионот, за состојбите во Европа, за сето она што се случувавденес. За сите оние стравови, предрасуди и нетрпеливости кои се појавуваат денес и дека мораме да бидеме свесни кон што тоа води. Овој настан, оваа комеморација е можност да се потсетиме дека секоја ваква појава мора да се спречи – изјавил претседателот Иванов.

На комеморацијата се обратил полскиот претседател Бронислав Коморовски, претставници на преживеаните, а била претставена и кампањата “18 столбови на сеќавањето”.
На комеморацијата, покрај македонскиот претседател присуствувале претставници на повеќе европски земји, САД и Канада, меѓу кои претседателот на Франција, Франсоа Оланд, германскиот претседател Јоаким Гаук, австрискиот претседател Хајнц Фишер, хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ, холандскиот крал Вилхем-Александар, белгискиот крал Филип, украинскиот претседател Петро Порошенко, литванскиот претседател Далиа Грибаускаите, бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, словенечкиот претседател Борут Пахор, швајцарскиот претседател Симонета Сомаруга, премиерите на Норвешка и на Холандија, норвешкиот престолонаследник и други државници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани


