Во Тајван се отвора секс-парк, каде туристите ќе може да „јаваат“ гигантски пениси од камен.
Паркот моментално е во изградба, а ќе биде наречен „Романтичен булевар“, а во него ќе се наоѓаат еротски скулптури на пенис, статуи кои прикажуваат луѓе и животни за време на сексуален однос.
Творецот на овој парк се надева дека во близина ќе отвори и хотел, во случај посетата на паркот да ја распламти сексуалната желба на посетителите.
Во секс-паркот ќе постои посебен дел за младенци кои ќе сакаат да се фотографираат.
Директорот на тамошната туристичка агенција Ши Чао-Хуи рекол, „ние сакаме луѓето да се вљубат во Тајван, но и да се вљубат на Тајван“.
Многумина ја критикуваат изградбата на овој парк и сметаат дека е навредлив, но Ши Чао-Хуи изјавил дека тие се занимаваат со туризам, а не со едукација или религија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



