| четврток, 6 декември 2018 |

Хороскопски двојки: Еве која е вашата сродна душа

Прочитајте што ви препорачуваат ѕвездите – ако партнерот ви е во знакот кој се сложува со вашиот, бидете сигурни дека сте ја запознале својата сродна душа.

srodni dusi

ОВЕН/БЛИЗНАК

Ова е највозбудливата комбинација во Зодијакот. Кога овие два темпераменти ќе се судрат, тогаш се случуваат најлудите авантури кои ќе ги паметат и ќе ги раскажуваат цел живот.

БИК/РАК

Овие два знака се навистина сродни души, во вистинскиот смисол на зборот. И двајцата сакаат удобност и се многу романтични. Тие сакаат меѓусебно да се негуваат и да внимаваат еден на друг.

ЛАВ/ВАГА

Двете најголеми „фаци“  во комбинација го прават совршенството. Двајцата се грижат за својот изглед и имаат потреба да се во врска. Освен што физички се привлекуваат, тие еден на друг си одговараат и по темпераментот. Се грижат еден за друг и ги прават најдобрите забави во градот.

ШКОРПИЈА/ДЕВИЦА

Најкомплицираните и најнедоверливите знаци всушност си одговараат еден со друг, затоа што единствено така можат да си помогнат еден на друг, да се спуштат на земја и да гледаат на работите од една поинаква перспектива. Нивниот сексуален живот е навистина на завидно високо ниво.

СТРЕЛЕЦ/ВОДОЛИЈА

Дефинитивно двата најчудни знаци во хороскопот! Ова е најнапредниата и најинтересната двојка која постојано се мотивира еден со друг за да стигнат до целта. Нивните разговори се многу забавни и секогаш се првенствено најдобри пријатели.

ЈАРЕЦ/РИБА

Овие два знака се сродни души. Тие се интровертни и сложени. Секогаш ќе бидат во состојба да си помагаат еден на друг за да ги откријат нешто за себе што и не знаеле дека постои. Оваа комбинација ужива во една голема и долга љубов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top