| четврток, 6 декември 2018 |

Пет сообраќајки во Скопје за едно деноноќие

soobrakaj-skopje

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно пет сообраќајни незгоди.

Од нив, две се последица материјална штета и три се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле двајца пешаци и еден патник во автобус.

Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се пет возачи кои поминале на црвено светло на семафор, двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај, 29 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив седум возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, како и 11 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор за пешаци.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 51 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top