Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, ќе ги тужи сите оние кои ќе си дозволат себеси да се спротивстават на неговите политики и кои за било која тема нема да се согласат со неговото мислење. По неуспехот да организира штрајк нервозниот Неделков почна да ги тужи членовите на СОНК кои јавно го искааа своето мислење и кажаа дека се против одлуката за штрајк.
Првите две тужби ги има поднесено за двајца, од Скопје и од Кичево, заради куси изјави дадени на Канал 5 телевизија во месец септември. Доказот дека има нанесено душевна болка од невропсихијатар го земал во месец декември, кога најверојатно болката се уште ја чувствувал.
Но, Неделков се пофали дека не тужел само двајца, туку 8 свои колеги наставници што покажува дека не поседува демократски капацитет и немање толеранција кон слободното изразување на останатите.
Од нив бара по 200.000 денари за нанесување на душевна болка, а за да докаже дека нивните изјави му наштетиле здравствено, приложил документација од невропсихијатар од една приватна болница во Скопје.
„Курир“ денес го праша Неделков дали смета дека овие тужби не претставуваат закана за сите оние кои во иднина ќе дадат било каква изјава во која кажуваат дека не се согласуваат со неговите политики.
-Ова е само еден начин на моја мала одбрана кон сите оние кои се обидуваат да ме повредат, рече Неделков.
Неделков докажа дека тој ќе поднесе тужба против сите оние кои ќе се свртат против него, а најмногу тоа се однесува на членовите на СОНК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
СОНК најавува генерален штрајк во градинките доколку не се исполнат барањата на вработените – Царовска на потег!
-
СОНК бара решавање на состојбата со непродолжените договори на вработени во градинките
-
На вработени во градинки и училишта не им се продолжува договорот за работа – реагира СОНК
-
СОНК контра Царовска: Нема услови за двосменско работење на градинките