Кипарската економија и во 2015 година ќе остане во рецесија, иако таа ќе биде послаба од минатата година, покажува истражувањето на кипарскиот универзитет, цитирано од весникот „Катимерини“.
Според универзитетските прогнози, кипарскиот бруто домашен производ ќе се намали за 0,4 проценти, додека очекуваниот пад на економијата за 2014 година изнесува 2,2 процента.
Прогнозата на универзитетот е помрачна од предвидувањата на Владата и на меѓународните кредитори, кои очекуваат годинава кипарската економија да излезе од тригодишната рецесија и да достигне раст од 0,5 процент.
Според универзитетските експерти, одложувањето на структурните реформи и високиот процент на ненаплатени кредити ќе бидат пречка за обновата на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со години криела дека е Албанка, а сега предизвика огромен скандал во Грција
-
Македонија ќе ја заврши годинава во рецесија (?!) : Пад на БДП три квартали по ред
-
Одлуката за преполовување на капиталните инвестиции е политичка, молк зошто свесно се влезе во рецесија
-
Завод за статистика: Македонија, единствената земја во регионот со негативен економски раст