| четврток, 6 декември 2018 |

Заев со честитка по повод празникот Свети Сава

svetisava

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев, денеска, по повод празникот Свети Сава упати честитка до припадниците на српската заедница во Р.Македонија и  сите граѓани кои го празнуваат:

„На сите припадници на српската заедница во Република Македонија и на православните христијани кои го празнуваат, од мое име и од име на Социјалдемократскиот сојуз упатувам најискрени честитки.

Бидете во добро здравје, спокојни во срцето, подготвени да дарувате љубов, внимание и разбирање и истото нека ви биде возвратено.

Празникот Свети Сава поминете го во духовен мир и во кругот на вашите најблиски.

Нека овој голем празник биде поттик за вербата и надежта дека сите заедно, со меѓусебна поддршка и почит можеме да обезбедиме лична, семејна и општествена благосостојба“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top