Новиот филм на Метју Вон, „Кингсман: тајна служба“ во кината во Македонија ќе почне да се прикажува од 26 февруари.
Колин Фирт, Семјуел Л. Џексон, Марк Стронг, Мајкл Кејн и Тарон Еџертон ги здружуваат актерските сили во шпионскиот филм „Кингсман: тајна служба“.
Новиот филм на Метју Вон (режисер на филмот Икс-мен: прва класа, продуцент на филмовите Фајтер и Сенч) е снимен според познатиот стрип за британскиот агент ветеран кој ангажира млади сили во посебна единица во рамки на тајната шпионска организација Кингсман.
Фирт во новиот филм покажува сосема поинакво лице. Секогаш елегантниот и одмерен, пример за вистински англиски џентлмен, Фирт во новиот трејлер за шпионската акција со примеси на комедија, докажува дека умее да се снајде во различни и по живот опасни ситуации. Неверојатно се снаоѓа со различни оружја и изуми кои му се достапни како на ментор на младите агенти на тајната служба Кингсман.
Фирт собира избрани момчиња и девојки – потенцијални агенти кои не само што мораат да минат низ специјална обука, туку мораат и да усвојат цела низа манири на припадниците на високото друштво; да го променат својот изглед, начинот на облекување и зборување, што им паѓа многу потешко отколку задачите со кои ќе се справуваат како професионалци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст