Претседателот на светската здравствена организација „Куќа на здравјето на потрошувачите” Арне Бјонберг ги посочи реформите во македонскиот здравствен систем како уникатни и токму затоа, според него, Република Македонија има историски напредок на европскиот здравствен потрошувачки индекс за 2014 година, каде од 28-то место во 2013 година, годинава е на 16-то место во Европа, јави дописникот на МИА од Брисел.
Во изјава за МИА, Бјонберг препорачува сите европски и светски земји да го следат македонскиот случај за здравствени реформи.
– Бев активен во продажба на решенија за здравствениот систем на ИБМ пред 20 години и чекав толку години за да видам некој да направи нешто, а што уште одамна беше технички возможно. Но, поради глупави причини, никој тоа не го стори, додека Македонија не го направи во 2013 година. Најимпресивно е дека го направивте, бидејќи она што го прави системот е да го елиминира времето за чекање во здравствениот систем. Никој друг нема ништо слично на она што го има Македонија во здравствениот систем. Има почетни напори во некои земји, исто така во Источна Европа, но нема ништо што воопшто може да се спореди со вашиот случај, дециден е експертот за здравство, Бјонберг, кој присуствуваше на денешното претставување на најновиот Индекс на независното тело за мониторинг на шведската невладина здравствена фондација “ЕХЦИ”, што го претстави еврокомесарот за здравство, Витенис Андриукаитис.
Македонскиот министер за здравство, Никола Тодоров, кој имаше посебна презентација на тема “Што е тајната зад рапидниот напредок на македонските здравствени перформанси”, во изјава за МИА потврди дека имал големо задоволство да присуствува на презентаицјата на годишниот извештај на Европскиот индекс за здравствена потрошувачка во Брисел.
– На овој извештај, Македонија е рангирана сериозно повисоко во однос на претходната година и е земја со најголем раст на ранкингот за здравствени услуги и од 28. место на кое бевме во 2013 година, за лани сме на 16-тата позиција во Европа. Тоа претставува силен поттик за нас како држава и како здравствени власти за уште повеќе да работиме во наредната година и да се трудиме да бидеме уште повисоко рангирани и да бидеме подобро рангирани од некои сериозно поразвиени здравствнеи системи од македонскиот, изјави Тодоров.
Според првиот човек на македонското здравство, една од клучните работи што е земена како успешна реформа на македонскиот здравствен систем е електронскиот систем “Мој термин”, што е високо оценет како еден уникатен европски систем.
– Денеска слушнавме дека го препорачуваат и како систем што би требало да биде имплементиран и во многу други европски земји, додава македонскиот министер за здравство.
Попладнево, министерот Тодоров ќе има средба во зградата на Европската комисија со еврокомесарот за здравство Викентис Андриукаитис, кој го изрази своето воодушевување од реформите во македонското здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст