Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Македонија, по повод празникот Свети Сава.
– Прославата на 27 јануари – Денот на првиот српски архиепископ, кој е прогласен и за Национален ден на српската заедница во Република Македонија, е можност да потенцираме дека српската заедница како нераскинлив дел од македонското општество заедно со другите заедници активно придонесува кон соживотот во нашата татковина – се вели во честитката.
Свети Сава со својата неуморна просветителска и црковна дејност, се наведува во честитката, остави трајни вредности кои ги надминуваат етничките рамки давајќи пример за сите кои живеат на овие простори.
– Нека значењето на неговото дело и севкупната симболика на празнувањето бидат и натаму духовна и културна крепост и инспирација за градење просперитетна и успешна Република Македонија во која сѐ почитуваат и се негуваат различните култури и традиции на сите граѓани – стои во честитката на претседателот Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани