| четврток, 6 декември 2018 |

Хакерската група „Лизард сквод“ ја презеде одговорноста за уривањето на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“

Facebook-Privacy-650x325

Хакерската група „Лизард сквод“ презеде одговорност за уривањето на популарните социјални мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“, чиишто корисници низ светот изутринава не можеа да пристапат до своите профили во период од најмалку 40 минути.

Сајтот „Раша тудеј“ наведува дека зад нападот на социјалните мрежи стојат хакерите од групата „Лизард сквод“, кои се поврзани со терористичката група Исламска држава. Хакерите од оваа група вчера извршија кибернетски напад и врз сајтот на малезиската авиокомпанја „Малејжа ерлајнс“.

Корисниците на „Фејсбук“ на сајтот можеа да прочитаат: „Извинете, нешто не е во ред. Работиме на тоа и ќе го отстраниме проблемот колку што е можно побрзо“, додека „Инстаграм“ на „Твитер“ објави дека се запознаени со проблемот и дека работат на неговото решавање.

„Фејсбук“ има околу 1,25 милијарда, додека „Инстаграм“ околу 300 милиони корисници во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top