Македонија се најде на 53. место во светот, на 24. во Европа, а најдобра во регионот според индексот на економските слободи за 2015 година што заеднички го издаваат Фондацијата „Херитиџ“ и „Волстрит журнал“.
Македонија е во групата земји со економски умерена слобода, а со 67,1 бода е над просекот во светот и во Европа.
Според извештајот, Македонија има подобрување во борбата против корупцијата каде што има 44 бода и 86,2 бода за слободата на трговијата. Во другите критериуми според кои се прави индексот, Македонија има 91,4 бод кај фискалната слобода, 79,2 кај слободата на работењето, 79 кај монтерната слобода, 76,1 бода кај државната потрошувачка, 70,7 бода за слобода на пазарот на работна сила и по 60 бода за инвестициските и за финансиските слободи.
Во изминатите години Македонија напредуваше на индексот на економски слободи во најголем дел од креитериумите според кој се прави рангирањето. Македонија направи значителен напредок во зголемувањето на приходите и намалување на сиромаштијата. Земјата има конкурентен даночен систем и трговски режим како и релативно ефикасен законска рамка што влијае на поттикнување на приватниот сектор, се вели во извештајот.
Се препорачуваат подлабоки институционални реформи со цел да се обезбеди подинамичен долгорочен развој.
Од земјите во регинот во годинашниот индекс на економски слободи Бугарија е на 55, Албанија на 63, Црна Гора на 66, Турција на 70, Хрватска на 81, Србија на 90 и Грција на 130 место.
Во рангирањето во кое се опфатени 176 земји од светот на врвот се Хонг Конг, Сингапур и Нов Зеланд, а на крајот на листата се Венецуела, Куба и Северна Кореа.скс/са/09:09
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст