Постои разлика измеѓу женкар и прељубник
Постојат два вида на мажи – женкари и прељубници. Едните треба да се почитуваат, другите да се презираат.
Женкарите имаат секс со голем број на девојки, но се директни и искрени. Тие јасно ставаат до знаење дека својот сексуален апетит сакаат да го заситат со голем број на девојки. Овој тип на мажи не крие дека моногамијата не е за него. Секогаш треба да се цени мажот кој е искрен пред жената со своите промискуитетни желби.
Од друга страна, прељубникот има секс со други жени како резултат на неверство. Тие се преправаат дека сакаат да бидат во стабилна моногамна врска со една девојка, но длабоко во себе и понатаму сакаат секс со што повеќе жени.
Повеќето мажи се верни онолку колку што им дозволуваат можностите
Доколку мислите дека некој маж е згоден, шармантен и секси, сигурно постојат и многу други девојки кои го мислат истото. Жените буквално ќе се натпреваруваат меѓу себе за тоа која од нив ќе го освои.
Исто така, ако некој маж е добар во кревет, и неговата партнерка тоа го споделува со своите пријателки, тој ќе порасне и во нивните очи. Можеби, дури некоја од нив ќе посака да го тестира тоа тврдење.
И на крајот, лесно е да се биде верен на една жена кога мажот има само една жена која му нуди регуларен секс. Меѓутоа, кога има повеќе девојки кои му нудат секс, тешко е да остане лојален.
Девојката „од страна“ ретко станува онаа вистинската
Еднаш кога себе ќе си дозволите да станете негова љубовница, постои шанса дека тоа и ќе останете. Постои голем број на жени кои наивно почнуваат во улога на љубовница, мислејќи дека со тек на време ќе дојдат до титулата девојка или сопруга.
Тоа се случува многу ретко. Мажите многу често за брак бираат жени кои ги потсетуваат на нивните мајки, а вас ве гледаат само како сексуален објект, и тоа е тоа.
Женкарот не можете да го промените
Немојте да се залажувате – женкарот не можете да го промените во моногамен маж или дури ни сопруг. Единственото нешто што може да го направите е да го прашате за неговите планови, а ако е вистински женкар, нема да ве лаже.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст