Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната редовна седница ги избра Нола Исмајлоска и Фатмир Имероски за нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Нола Исмајлоска доаѓа од Општинскиот комитет Струга. Таа има завршено на медицинскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. На последните предвремени парламентарни избори беше избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија од изборна единица 5.
Во Собранието на Република Македонија членува во комисиите за комитетот за односи меѓу заедниците, за европски прашања.
Пратеникот Фатмир Имероски кој на последните парламентарни избори беше избран за пратеник, потекнува од Дебар. Завршил на Факултетот за економија и менаџмент, ВУАРР во Република Бугарија и се стекнал со титулата дипломиран менаџер по економско управување.
Во Собранието на Република Македонија членува во Буџетскиот совет и членува во комисиите за транспорт, врски и екологија и комисијата за прашања на изборите и именување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст