| четврток, 6 декември 2018 |

СОНК бара работна група да утврди кога се доставени неговите барања до ресорните министерства

SONK-

Раководството на СОНК бара да се формира работна група со задача врз основа на целокупна документација да утврди кога се доставени барањата до ресорните министерства поради кои Синдикатот сега  е во генерален штрајк.

СОНК предлага во работната група  покрај нивни претставник да има и по еден претставник од министерствата за труд и социјална политика и за образование и наука и од Економско-социјалниот совет на национално ниво, а подготвен е, како што соопшти во допис до медиумите, да нема свој член во групата ако некоја од предложените институции смета дека нема потреба.

 – Исто така, оваа овластена група да ја утврди и вистината околу тврдењата за висината на средствата кои пристигнуваат во Советот на СОНК и за кои овластен потписник е претседателот на СОНК. Предлагаме и ќе побараме, каков и да е наодот на работнита група, тој  јавно да биде објавен со потписи на членовите од работната група, наведува СОНК во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top