| четврток, 6 декември 2018 |

Се враќа Мики Маус

Гледачите на каналот „Дизни“ ова лето ќе имаат можност да го погледнат новиот цртан филм во кој Мики Маус, заедно со пријателите, ќе се појави во модернизирано издание.

Уште ова лето на малите екрани можеме да очекуваме враќање на легендарниот анимиран лик Мики Маус, кој ќе биде емитуван во 19 кратки епизоди на каналот „Дизни“ и тоа со малку изменет лик, соопшти компанијата „Дизни“.

Симпатичниот јунак, кој се роди пред 85 години, ќе се појави во 19 целосно нови цртани филмови, секоја во траење од неколку минути и произведени во дводимензионална анимација во чест на цртачкиот уметник Волт Дизни и неговиот тим аниматори кои работеа за време на дваесеттите и триесеттите години од минатиот век.

Мики ќе добие малку помодерен изглед како и неговите пријатели Мини, Пајо и Шиљо, со кои ќе доживее авантури во разни градови низ светот, како Париз, Њујорк, Пекинг и Венеција.

Волт Дизни својот најпопуларен јунак Мики Маус го создаде во 1928 година.

Погледнете како сето тоа почна, првата епизода на Мики Маус е направена во мај 1928 година:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top