| четврток, 6 декември 2018 |

Од надојдените води оштетена комуналната инфраструктура во Кривопаланечко

Координативното тело на општински кризен штаб составен од градоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски, општинските и државните служби денеска на состанок ги констатира штетите од поплавите во Кривопаланечко настанати во најголем дел на комуналната инфраструктура.
– Беа формирани четири мешовити тимови со лица од општинските служби, од Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Територијалната противпожарна  единица, Полициската станица од општа надлежност и други, кои извршија обиколка на теренот, по што ги констатираа сите настанати штети на инфраструктурни објекти, како и на приватни и деловни објекти на територијата на општината. Според извештајот утврдено е значително оштетување на комуналната инфраструктура, информира Никола Граматиков, раководител на Одделението за изградба и одржување во општина Крива Паланка.
Според Граматиков, оштетени се локални патни правци, повеќе градски улици, делови од водоводни и канализациони системи, делови од електрична мрежа.
– Штети се настанати на неколку локални патишта,на системот за напојување со селектрична енергија  во село Дренак и село Нерав, има бројни оштетувања на приватни имоти, однесени се делови од ниви, делови од дворни површини и мостови. Комплетно е уништен еден армирано-бетонски мост на Крива Река во предградието,во населбата Мизовски ливади,а онеспособени се  повеќе пешачки мостови и мостови за лесни коли  и на Крива и на Дурачка Река, рече Граматиков.
Тој нагласи дека е интервенирано  на избегнување штета на една приватна куќа во село Дурачка река, во месноста Дурачки Самоков, каде  енаправен насип од камења за да реката не ја поткопа истата.
– Се работи на проценка на настанатите штети и висината истата дополнително ќе се утврдува. Ангажирана е севкупната градежна механизација со која располага ошпштината, пет градежни машини, неколку камиони, трактори и сите се во погон, се работи интензивно на терен на санација на штетите, истакна Граматиков, додавајќи дека сите служби дежураат и се во постојана координација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top