| четврток, 6 декември 2018 |

Нов опасен вирус на „Фејсбук“!

На најпопуларната социјална мрежа на светот, „Фејсбук“, повторно кружи нов вирус кој се заканува да ги загрози профилите на сите корисници, а тие се повеќе од милијарда на број.

Porno-virus-FB-nov-01

Вирусот се шири на тој начин што најпрво ќе ви се појави нотификација дека некој од вашите пријатели ве тагирал на некој пост, фотографија или видео запис, а откако ќе го отворите тој линк за да видите за што точно станува збор, вирусот, всушност, станува активен.

Единствено решение за да не се „заразите“ со овој вирус е да не кликнувате на ништо што има сомнително потекло, бидејќи се работи за таканаречен „порно вирус“. Главно на постовите, фотографиите и записите се наоѓаат секси разголени девојки.

Порно вирусот моментално е многу актуелен на „Фејсбук“, па од минута во минута расте и бројот на корисници кои се заразени со истиот, така што, во иднина би требало да бидете малку повеќе внимателни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top