Советниците на општина Центар на вчерашната седница едногласно донесоа одлука за раскинување на договорот за долгорочен кредит за изградба на катната гаража кај некогашната НИП „Нова Македонија“.
– Договорот на 10 јануари 2013 година беше склучен меѓу Комерцијална банка АД Скопје и поранешното раководство на општина Центар. Одлуката за земање кредит вреден 3.000.000 евра е донесена на 8 јуни 2012 година, соопшти Општина Центар.
Во образложението на одлуката стои дека по започнувањето на градбата на објектот се утврдило дека буџетските приходи не се доволни да ги покријат планираните трошоци и дека приоритет се дава за изградба на ново основно училиште и новиот, веќе започнат објект на градинката „Кочо Рацин“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент


