| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски задоволен од ракометарите

Како сите останати во земјава и премиерот ги следи натпреварите на нашата ракометна репрезентација, се разбира во онаа мера во која му дозволува времето. Рече дека телевизорот му е постојано вклучен кога нашите ракометари играат натпревар, ги следи со внимание.

-Ги следам натпреварите колку што можам. Ако имам работа фрлам поглед кон телевизорот и продолжувам. Некогаш меѓу два состаноци ќе погледнам и подолго, а понекогаш и ги враќам назад сите натпревари. Навивачите се феноменални, а нашите ракометари покажаа добра игра. Генерално играат доста солидно, за пофалба се. Успех е, во осминафинале сме, можеме и понатаму, имаме добри шанси, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top