Тројца полицајци биле претепани и им биле искинати униформите од исто толку кафански тепачи, ноќеска во Куманово
МВР јави дека околу 00.15 часот во полициската станица во Куманово телефонски било пријавено дека во кафе-барот „Кјуб“ настанала тепачка помеѓу повеќе лица. Полицајци излегле на местото на настанот, а при обид да бидат легитимирани учесниците во тепачката, С.А.(24), М.А.(20) и М.Ј.(23), сите од Куманово, физички нападнале тројца од полицајците, кинејќи им ја униформата, а на еден од нив му нанеле и телесни повреди.
Лицата се приведени во ПС Куманово, а по документирање на случајот против истите е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.