| четврток, 6 декември 2018 |

За четири дена 100 пензионери поднеле барања за бесплатна бања

penzioneri banja

За само четири дена вкупно сто пензионери и пензионерки од општините Крива Паланка и Ранковце поднеле барања за бесплатна бањско-климатска рекреација и бесплатен викенд, информираат од филијалата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија во Крива Паланка.

Пензионерите имаат можност на една апликација да поднесат барање за двете понудени услуги,  при тоа да наведат што конкретно бараат. – Оние пензионери кои во 2014 користеле услуги од Проектот „Бањско климатска рекреација за корисници на пензија“ имаат право само на бесплатен туристички викенд, додека на оние кои ги наведуваат две услуги, приоритетно ќе им биде одобрен бесплатен викенд.

Има и такви лица кои бараат само една услуга, најчесто бесплатна бања, велат од ПИОМ-Крива Паланка. Аплицирањето започна на 15 месецов и ќе трае до 16 февруари. На подрачјето на Крива Паланка и Ранковце се регистрирани вкупно .3843 пензионери, од кои 66 лица лани ја искористиле услугата за бесплатно бањско-климатска рекреација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top