Американскиот државен секретар Џон Кери изјави денеска дека Ирак и партнерите од меѓународната коалиција оствариле голем број цели во борбата против џихадистите од Исламска држава, убивајќи илјадници нивни борци и 50 отсто од командниот кадар.
На состанокот на министрите за надворешни работи на меѓународната коалиција која се бори против ИД кои денеска имаат состанок во Лондон, Кери наведе дека ирачките копнени сили поддржани од речиси 2.000 воздушни удари на коалицијата, повторно зазеле 700 квадратни километри претходно освоена територија и оти бројот на убиени џихадисти е повеќе илјади.
Кери нагласи и дека меѓународната коалиција „може и подобро“ во запирањето на приливот на финансиски средства и странски борци за ектремистичката група и глобалното ширење на нивната пропаганда.
Американскиот државен секретар имаше состанок со британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд, ирачкиот премиер Хајдер ал Абади и официјални претставници од 21 држава на еднодневна конференција на меѓународната коалиција против ИД која контролира голем дел од Сирија и Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании
-
Сѐ помалку новинари кои работат во весници во САД