Претседателот на Европската централна банка Марио Драги претстави план за помош на економијата во Европа, кој ќе резултира со печатење нови банкноти евра за купување државни обврзници од земјите-членки на еврозоната кои имаат инвестициски кредитен рејтинг, во износ од дури 60 милијарди евра месечно.
– Со новата проширена програма, вредноста на месечното купување обврзници од јавниот и приватниот сектор ќе биде 60 милијарди евра, изјави Драги.
Целта е покренување на успорениот економски раст на еврозоната. Програмата ќе стапи во сила од март оваа година до септември 2016 година.
Инфлацијата во еврозоната моментно е негативна и изнесува минуис 0,2 отсто. Европската централна банка (ЕЦБ) се надева дека ќе има инфлација од околу два отсто.
Во програмата за купување обврзници ќе бидат државите кои веќе примиле помош за да избегнат банкрот, но ќе мра да бидат задоволени посебни критериуми.
Одлуката на ЕЦБ предизвика намалување на вредноста на еврото во однос на доларот на Лондонската берза – на 1,1513 долари од утринските 1,1620 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.