| четврток, 6 декември 2018 |

Државата во Униjа, народот во националното

Со се­кое про­ши­ру­ва­ње на Европ­ска­та уни­ја, во но­ва­та зем­ја-член­ка вла­ста ја пре­зе­ма­ат пар­ти­и­те од дес­ни­ца­та. Вра­ќа­ње­то на ХДЗ во Хр­ват­ска е нај­све­жи­от при­мер во пос­лед­но­то де­сет­ле­тие. На­род­ни­те пар­тии вла­де­ат и на евро­из­бо­ри­те. Ана­ли­ти­ча­ри­те ве­лат де­ка се­то тоа е по­ра­ди из­ле­гу­ва­ње­то на ЕУ од кур­сот на сво­е­то дејс­тву­ва­ње

Пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри во Хр­ват­ска го про­дол­жи­ја трен­дот кој се од­ви­ва во ре­чи­си си­те но­ви др­жа­ви- член­ки на Европ­ска­та уни­ја. По­бе­да­та на Ко­лин­да Гра­бар Ки­та­но­виќ и на ХДЗ се са­мо про­дол­жу­ва­ње на се­ри­ја­та по­бе­ди на пар­ти­и­те што се дес­но од цен­та­рот уште од го­ле­мо­то про­ши­ру­ва­ње на ЕУ во 2004 го­ди­на. По­бе­да­та на Гра­бар Ки­та­но­виќ се сме­та и за ин­ди­ка­тор за прет­стој­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри оваа го­ди­на. За по­тсе­ту­ва­ње, на власт во Хр­ват­ска сѐ уште е Со­ци­јал­де­мо­крат­ска­та пар­ти­ја, чиј­што пре­тсе­да­тел­ски кан­ди­дат не ус­пеа во на­ме­ра­та да оста­не на че­ло на др­жа­ва­та со втор ман­дат.

Всуш­ност, до­кол­ку дес­ни­ца­та не би­ла на власт при вле­зот на др­жа­ви­те во Уни­ја­та, то­гаш ја осво­ју­ва­ла вла­ста уште на пр­ви­те пос­ле­до­ва­тел­ни из­бо­ри. Та­ков е при­ме­рот од го­ле­мо­то про­ши­ру­ва­ње со де­сет­те зем­ји од источ­ни­от дел на кон­ти­нен­тот. До­кол­ку, пак, ги за­ме­ни ле­ви­ца­та, таа ја гу­би вла­ста по еден ман­дат.

За по­тсе­ту­ва­ње, Сло­вач­ка вле­зе во ЕУ во 2004 под ра­ко­водс­тво на СДКУ, Сло­вач­ка­та де­мо­крат­ска и хри­сти­јан­ска уни­ја, ко­ја оста­на на власт до 2006 го­ди­на. Ја за­ме­ну­ва­ат со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те, но по еден ман­дат вла­ста по­втор­но ја за­зе­ма­ат де­мо­хри­сти­ја­ни­те. Во Сло­ве­ни­ја, пр­ва­та од др­жа­ви­те од по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја што вле­зе во европ­ско­то се­мејс­тво, по про­ши­ру­ва­ње­то под ра­ко­водс­тво на сло­ве­неч­ки­те ли­бе­рал­де­мо­кра­ти, пар­ти­ја ле­во од цен­та­рот, иста­та го­ди­на во де­кем­ври вла­ста ја пре­зе­де пар­ти­ја­та на Ја­нез Јан­ша, СДП- Сло­ве­неч­ка­та де­мо­крат­ска пар­ти­ја, ко­ја е член на Европ­ска­та на­род­на пар­ти­ја (ЕПП). По­ли­тич­ка­та исто­ри­ја на зем­ја­та по­ка­жу­ва де­ка тие во 2008 го­ди­на ја гу­бат вла­ста, но по­втор­но го пре­зе­ма­ат др­жав­но­то кор­ми­ло во 2012 го­ди­на. При­е­мот во ЕУ на Есто­ни­ја е во ман­да­тот на пар­ти­ја­та Рес Ре­пуб­ли­ка, пар­ти­ја со кон­зер­ва­тив­на иде­о­ло­ги­ја, исто та­ка дел од се­мејс­тво­то на ЕПП. Во Ле­то­ни­ја, пак, вед­наш по при­е­мот во ЕУ, со зем­ја­та ра­ко­во­ди На­род­на­та пар­ти­ја. Слич­на е исто­ри­ја­та и во Че­шка, Ун­га­ри­ја и во дру­ги­те др­жа­ви од го­ле­ма­та де­се­тка.

И со про­ши­ру­ва­ње­то во 2007 го­ди­на, со Бу­га­ри­ја и со Ро­ма­ни­ја, про­дол­жу­ва тој тренд. Бу­гар­ски­те со­ци­ја­ли­сти на из­бо­ри­те во 2005 го­ди­на осво­и­ја 82 од 240-те се­ди­шта во Пар­ла­мен­тот, но со др­жа­ва­та вла­де­е­ше ко­а­ли­ци­ја­та од три­те нај­го­ле­ми пар­тии, за­ед­но со ли­бе­ра­ли­те и На­ци­о­нал­но­то дви­же­ње на Си­ме­он Вто­ри. Во 2007 го­ди­на др­жа­ва­та вле­зе во ЕУ, за на из­бо­ри­те во 2009 го­ди­на цен­тро­дес­ни­чар­ска­та ГЕРБ да по­бе­ди со 117 пра­те­нич­ки ме­ста и за­ед­но со дес­ни­те пар­тии да офор­ми мал­цин­ска вла­да.

До­ми­на­ци­ја­та на пар­ти­и­те дес­но од цен­та­рот ја по­ка­жаа и пос­лед­ни­те европ­ски из­бо­ри кои се одр­жаа ми­на­та­та го­ди­на. Европ­ски­те на­род­ни пар­тии спо­ред ме­ста­та во Европ­ски­от пар­ла­мент по­втор­но се најм­но­гу­број­ни во европ­ски­от за­ко­но­да­вен дом. Вр­те­ње­то на на­ро­ди­те кон кон­зер­ва­тиз­мот, од­нос­но кон на­ци­о­нал­но­то, нас­про­ти европ­ско­то, по вле­зот во Уни­ја­та, про­фе­со­рот по ме­ѓу­на­род­но пра­во и пра­во на ЕУ, Иви­ца Јо­си­фо­виќ, го гле­да ка­ко ре­зул­тат на, ка­ко што ве­ли, из­ле­гу­ва­ње­то на ЕУ од кур­сот на сво­е­то дејс­тву­ва­ње.

– На­ме­сто да се за­ла­га неј­зи­но­то ло­го „Обе­ди­не­ти во раз­лич­но­сти­те“ да би­де дел од се­којд­не­ви­е­то на гра­ѓа­ни­те на ЕУ, Уни­ја­та пре­ку мер­ки­те што ги пре­зе­ма кон др­жа­ви­те-член­ки за вре­ме на фи­нан­си­ска­та и долж­нич­ка кри­за при­до­не­се на­ро­ди­те да се свр­тат кон сво­јот иден­ти­тет зго­ле­му­вај­ќи го на­ци­о­нал­но­то чув­ство ка­ко дел од европ­ски­те дес­ни­чар­ски пар­тии. Иа­ко до­го­во­рот од Ли­са­бон пред­ви­ду­ва по­го­ле­мо учес­тво на гра­ѓа­ни­те во по­ли­тич­ки­от про­цес на ЕУ, и на­та­му оста­ну­ва фа­ктот де­ка европ­ски­те ин­сти­ту­ции, осо­бе­но Европ­ска­та ко­ми­си­ја, се би­ро­крат­ски и на др­жа­ви­те им на­мет­ну­ва­ат мер­ки што за гра­ѓа­ни­те се са­мо уште еден че­кор на­пред во од­зе­ма­ње­то на нив­ни­от су­ве­ре­ни­тет – до­да­ва Јо­си­фо­виќ.

– Ед­но­став­но, од мер­ки­те, да ре­че­ме, за пра­ве­ње сос од до­ма­ти, ин­сти­ту­ци­и­те на ЕУ си зе­маа за пра­во да им на­мет­ну­ва­ат на др­жа­ви­те-член­ки по­ли­ти­ка за вра­бо­ту­ва­ње, на­ма­лу­ва­ње на пла­ти­те и пен­зи­и­те, мер­ки за ште­де­ње, со што по­ли­тич­ки­те ели­ти сѐ по­ве­ќе поч­ну­ва­ат да го за­ста­пу­ва­ат сто­ја­ли­ште­то за вра­ќа­ње на нив­ни­от су­ве­ре­ни­тет, а со са­мо­то тоа за­јак­ну­ва на­ци­о­нал­на­та при­пад­ност – до­ло­ву­ва Јо­си­фо­виќ.

Из­бо­рот на клуч­ни­те функ­ции во ЕУ го по­твр­ди впе­ча­то­кот де­ка ле­ви­ца­та е во дла­бо­ка кри­за. Иа­ко во дел од др­жа­ви­те, ка­ко Бел­ги­ја, Хо­лан­ди­ја или Лу­ксем­бург, и на­та­му се за­ста­пу­ва ста­вот де­ка Уни­ја­та тре­ба да про­дол­жи со по­ли­тич­ка ин­те­гра­ци­ја, и нив­ни­те ста­во­ви кон­вер­ги­ра­ат со тие на др­жа­ви­те што се за одр­жу­ва­ње на др­жав­ни­от су­ве­ре­ни­тет, ка­ко, на при­мер, Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја.
До­цент д-р Бо­ја­на На­у­мов­ска од Ин­сти­ту­тот за со­ци­о­ло­шки и по­ли­тич­ко-прав­ни истра­жу­ва­ња во­оп­што не е из­не­на­де­на од до­ми­на­ци­ја­та на пар­ти­и­те со иде­о­ло­ги­ја дес­но од цен­та­рот, со по­наг­ла­се­на на­ци­о­нал­на опре­дел­ба. До­де­ка во по­ра­неш­ни­от исток на кон­ти­нен­тот кри­за­та на ле­ви­ца­та ле­жи во „нас­лед­ни­от фа­ктор“ од по­ра­неш­ни­от ко­му­ни­стич­ки ре­жим, во ста­ри­те де­мо­кра­тии, ос­но­ва­та на ЕУ, при­чи­на­та до­а­ѓа ка­ко ре­ак­ци­ја на долж­нич­ка­та кри­за и на ими­гра­ци­ја­та.

– По­крај трен­дот на дес­ни­те пар­тии, во т.н. ста­ри де­мо­кра­тии по­стои тренд на по­ја­ва на ра­ди­кал­на дес­ни­ца, ко­ја зе­ма за­мав. Ако ту­ка ни е поз­нат при­ме­рот во Гр­ци­ја, европ­ски­те из­бо­ри по­ка­жаа за­јак­ну­ва­ње на ра­ди­кал­на­та дес­ни­ца во Фран­ци­ја, на при­мер. Тоа мо­же­би за нас на Бал­ка­нот е не­сфат­ли­во, но, се­пак, од нап­ли­вот на ими­гра­ци­ја и еко­ном­ска­та кри­за сѐ по­ве­ќе до­би­ва­ат дес­ни, и по­ве­ќе од дес­ни пар­тии. Тоа ста­ну­ва ег­зи­стен­ци­јал­но пра­ша­ње, вр­те­ње­то кон по­ра­ди­ка­лен став за исе­ле­ни­ци­те или еко­ном­ски­те пра­ша­ња. Се­то тоа е по­вр­за­но со за­чу­ву­ва­ње­то на на­ци­о­нал­но­то, нас­про­ти опас­но­ста од гу­бе­ње на иден­ти­те­тот – до­да­ва На­у­мов­ска.

До­ми­на­ци­ја­та на дес­ни­ца­та, се чи­ни, не­ма да за­пре уште дол­го вре­ме. Не са­мо по­ра­ди кри­за­та на ле­ви­ца­та или еко­ном­ско­то пре­ис­пи­ту­ва­ње во ЕУ, ту­ку и по­ра­ди ми­гра­ци­ска­та бу­ра од арап­ски­от свет, пот­по­мог­на­та и од са­ма­та ЕУ со ин­тер­вен­ци­ја­та во Арап­ска­та про­лет. За­тоа и не е за из­не­на­ду­ва­ње де­ка во ид­ни­на, спо­ред поз­на­ва­чи­те на при­ли­ки­те, мо­же да се оче­ку­ва и по­раст на под­др­шка­та на ра­ди­кал­ни­те пар­тии во др­жа­ви­те-член­ки на ЕУ.

 

(Пишува: Наум Стоилковски
Текст објавен во 124. број на неделникот „Република“, 16.01.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top