Што се крие зад упорноста на Јаким Наумов да го задржи местото во СОНК? Што е тоа што предничи во неговите намери да оди спротивно на волјата на неговото членство? Што е тоа што ги заглушува кај него пораките упатени од наставниците од сите општини во Македонија дека нема да го поддржат таканаречениот „Генерален штрајк“?
Волјата за моќ и пари се чини дека ги надвладеја сите пориви кај Јаким Неделков, за тој да биде достоен репрезент и лидер на синдикалните членови во образованието науката и културата. Доколку некој и се залажува дека неговата упорност да се задржи раководството само од прегор за подобрување на работничките права, се лаже. Математиката е многу проста. Јаким Наумов не сака од раце „да му побегнат“ 72 милиони денари годишно.
Наумов истакнува дека СОНК брои 30 илјади членови. Синдикатот пак зема еден процент од платата на секој член. Доколку во оваа математика се вброи дека просечната плата меѓу членството на СОНК е околу 20 илјади денарио, тоа значи дека секој месец во буџетот се слеваат по двесте денари од секој од 30-те илјади членови, што значи шест милиони месечно, односно 72 милиони денари годишно во касата на СОНК по основ на членарина.
Но, каде завршуваат парите од членарината? Дали и кој од наставниците- членови на синдикатот видел бенефит од тие 72 милиони? На чија сметка се слеваат парите од буџетот на СОНК?
Овие прашања се сѐ погласни меѓу членството на СОНК. Овие прашања почнаа да се шират меѓу нив, особено откако Јаким Наумов им го заврте грбот на синдикалците кои би требало да ги предводи. Спротивно на сите укажувања од членството, Јаким Наумов го исполитизира синдикалното право на протест и штрајк. Спротивно на сите синдикални норми во својата намера да ја задржи фотељата, а со тоа и правото на владение со 72 милиони денари годишно, се заврте кон политичката партија во опозиција која не бира начин и средства во заканите и намерите да успее штрајкот само како „показател“ дека „работите во државата не чинат и има незадоволство“. Па така, штрајкот на Јаким Наумов е Генерален под притисок само во општините раководени од опозицијата- во Струмица и во Куманово.
По сето ова стануваат јасни намерите на Наумов и насоката кон која би се движело делувањето на СОНК со него на чело. А тоа нема никаква врска со подобрување на работничките права или подобрување на условите за работење, основите на делувањето на СОНК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.