Ласана Батили, 24-годишниот Малиец која како вработен во парискиот супермаркет за еврејска кошер храна „Hyper Cacher“ на 9-ти јануари изведи неколку луѓе д заложничката криза, во вторник станува натурализиран Французин. Ласана Батили, кој во Франција работел на основа на едногодишна работна виза, е прогласен за херој откако неколкумина клиенти на кошер супермаркетот ги внел во ладилникот на супермаркетот и ја исклучил струјата, сокривајќи ги џихадистот Амеди Кулибали кој упадна во продавницата со две автоматски пушки и притоа уби четири луѓе, а другите ги зема во заложништво.
„Неколку луѓе со мене отрчаа до ладилникот. Ги сокрив внатре и им реков да останат мирни“, вели Батили. Во ладилникот останале со часови, сé додека полицијата не го застрела Кулибали и ја заврши заложничката драма.
Неговиот потег, покрај покажаното јунаштво, беше пофален и како пример на меѓуверско сочувство. Имено, тој е муслиман, а најголемиот број купувачи во супермаркетот се Евреи. Батили ги отфрла пофалбите дека сторил нешто посебно. „Кога излегоа, биле радосни и ми се заблагодарија. Одговорив – ’на за што’, тоа е животот“, вели.
Батили самиот избегал од продавницата со лифт. Ги наговарал и другите тоа да го сторат, но не се осмелиле, бидејќи стравувале дека со буката ќе го привлечат вниманието на Кулибали.
Во деновите по заложничката драма, стотици илјади луѓе ја потпишаа онлајн петицијата на Батили да му биде доделено француско државјанство. Свеченоста на која овој париски херој ќе стане Французин ќе се одржи во вторник навечер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.