| четврток, 6 декември 2018 |

„Рош“ почнува кампања за поддршка на лицата со оштетен вид во Македонија

Повеќе од еден век Рош пренасочува дел од своите финансиски и човечки ресурси во проекти за општествена одговорност, во стимулирање на науката и промовирање културни активности

Roshe pres 4 (Custom)

Водечката фармацевтска компанија во Македонија „Рош“ започнува кампања за поддршка на лицата со оштетен вид во Македонија. Под мотото „Сподели светлина!“, „Рош“ развива долгорочна кампања која ќе има за цел да им помогне на сите лица со оштетен вид во Република Македонија.

Во соработка со Црвен крст – Скопје и Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, фармацевтската компанија Рош разви проект, кој ќе биде поделен во неколку фази, а секоја фаза ќе биде насочена кон различна возрасна група, сè со цел да се допре до сите лица со оштетен вид во нашата земја. Преку реализирање на оваа кампања ќе се подигне степенот на социјализација на учениците со оштетен вид, ќе се унапреди степенот на информираност за потребите на овие лица, ќе се организираат работилници и истражувања кои ќе ги детектираат сите потреби на овие лица и потребите на нивните семејства, а потоа ќе се изнаоѓаат начини, преку донации и разни апели да се задоволуваат нивните потреби.

– Би сакал да нагласам дека се работи за долгорочен и суштински проект. Ова е кампања која на долг рок треба да направи суштински промени, да ја олесни инклузијата на лицата со оштетен вид во општеството, да открие нови потреби и да изнајде начини да ги оствари тие потреби. „Сподели светлина!“ е кампања која треба да биде апел за изнаоѓање на нови партнери, кои ќе му дадат поддршка и масовност на целокупниот проект. Како општествено одговорна компанија секогаш одиме многу понапред, откривајќи нови можности, така и овој пат започнавме проект кој нема да се сведе на еднократна донација, туку напротив на долг рок ќе изнаоѓа и ќе решава суштински потреби на лицата со оштетен вид во Македонија – изјави Уфук Апајдин, директор на „Рош Македонија“.

unnamed (1)

Повеќе од еден век Рош пренасочува дел од своите финансиски и човечки ресурси во проекти за општествена одговорност, во стимулирање на науката и промовирање културни активности.

– Се надеваме дека и во овој конкретен проект наречен „Сподели светлина!“, ќе го вложиме сето наше расположливо знаење и компетенција и ќе помогнеме да им се излезе во пресрет на потребите на оваа група граѓани, – најави Весна Чизеј, директор на „Рош“ за Централна Азија, Кавказ и Источна Европа.

„Рош“, една од водечките фармацевтски компании во Македонија и една од најголемите компании за иновации во светот на лековите и дијагностичките решенија, годинава прославува 15 години од својата работа во нашата земја. Со своите корпоративни операции во Македонија, во последните 15 години Рош постигна значајни резултати во развојот и подобрувањето на третманот во многу области, како што се: ракот, ревматоидниот артритис, хепатитите, остеопорозата итн.

Roshe pres 1 (Custom)

– Наш најголем придонес кон подобрувањето на здравството е развивањето на подобри лекови и дијагностички тестови. Но пациентите би имале корист од нив само доколку тие им бидат достапни. За да се оствари оваа визија, ние мора да работиме во партнерство со македонската Влада, со здравствените власти, инвеститорите, невладините и другите организации на сите можни нивоа. На тој начин македонските пациенти ќе имаат пристап до иновативните решенија за спасување животи, што пак, од друга страна, ќе доведе до поздрави и попродуктивни граѓани. Подготвени сме да продолжиме со инвестирање во повеќе сфери, како што е поддршката за обука на здравствениот кадар, но и со подобрување на здравствената инфраструктура во Македонија во корелација со потребите и налагањата на здравствените институции, – истакна директорот на „Рош Македонија“, г. Уфук Апајдин.

– Се надевам дека првите 15 години на „Рош“ во Македонија се основа за долготрајна историја во оваа земја и за постојана соработка за подобрување на македонското здравство. Веруваме дека партнерството со сите релевантни институции ќе го подобри здравството и ќе спаси животи. Веруваме и дека ќе ја продлабочиме нашата соработка во Македонија, што би резултирало со поздрави и попродуктивни семејства – вели Весна Чизеј.

Како позитивен пример се издвојува воведувањето на поткожната терапија за лекување на HER- 2 позитивниот рак на дојка во Македонија. Нашата земја е прва земја во регионот што ја воведе оваа терапија, и со тоа пациентите повеќе не поминуваат часови и часови во центрите за инфузија, а терапијата ја примаат на многу поедноставен и далеку побрз начин. Ова достигнување е постигнато благодарение на соработката со македонските здравствени власти, кои се особено посветени на подобрување на здравствениот систем во земјата.

Во текот на последните 3 години, само на полето на онкологијата „Рош“ инвестира повеќе од пет  милиони евра за клинички истражувања и за едукација во Македонија. Нагласувајќи дека соработката со институциите на системот во Македонија ќе донесе повеќе бенефиции за пациентите, Апајдин изјави дека компанијата е подготвена на партнерство со властите на сите нивоа, со цел да се изнајдат начини и решенија како другите нови иновативни терапии да стигнат до пациентите.

„Рош“ е швајцарска мултинационална компанија основана уште во 1896 година, во која работат 85.000 професионалци во повеќе од 150 земји во светот. Нивните терапии и дијагностички решенија достигнуваат продажба од 46,6 милијарди швајцарски франци на светско ниво, а само минатата година 21 милион пациенти биле третирани со еден од 25-те најпродавани продукти на компанијата. Секоја година „Рош“ инвестира по речиси 9 милијарди швајцарски франци во истражувања и развој на лекови и дијагностички решенија, поради што е вброен меѓу првите 5 индустрии во светот со најмногу инвестиции во истражување и развој. Во текот на последните неколку децении, револуционерните достигнувања на Рош на полето на дијагностиката и третирањето на сериозни заболувања, резултираа со значително подобрување на здравствените резултати, како и со продолжување на животниот век.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top