| четврток, 6 декември 2018 |

Неделков со закани присилува на штрајк на СОНК

nedelkovРаководството на СОНК, поддржано од опозициски дејци создаваат невиден притисок врз наставниците во намерата да ги притиснат и тие да штрајкуваат.

Откако и на денот на закажаниот Генерален штрајк на дело се спроведе тоа што членството му го порача на лидерот Јаким Неделков, дека во неговата намера не гледаат ништо повеќе од обид за поени во личната борба пред новите избори во самостојниот Синдикат на образованието науката и културата, Неделков од Куманово штрајкот го оцени како успешен и покрај сите релевантни информации за неговиот дебакл. Во функција на манипулација на членството и на јавноста, не случајно во изјавата за медиумите од Куманово дури и поттури информација дека штрајкуваат 70 проценти од кадарот во образованието.

Заканите врз членството да се стапи во штрајк се нагласени во општините кои се под капа на опозицијата, во Струмица и во Куманово, каде во намерата штрајкот на успее се вклучиле и граноначалниците и општинските служби. Тие директно посочувале наставата да престане да се одвива.

Во меѓувреме од СОНК до нив пак биле испраќани и пораки дека оние кои нема да се придржуваат до Генералниот штрајк, ќе бидат исклучени од организацијата и дека никогаш повеќе нема да ја добијат „заштитата“ од Синдикатот. Ова го покажува демократскиот капацитет на Неделков и неговата желба по секоја цена да си ја задржи позицијата.

Вчера на стартот на посакуваниот Генерален штрајк на СОНК, тој доживеа дебакл во најголемиот дел од државата. Членството на СОНК му го заврте грбот на Неделков во Охрид, Прилеп, Штип, Битола, Кавадарци, Валандово, Крива Паланка, Дојран, Валандово, Делчево.

Генерален штрајк немаше и нема ниту во Кривогаштани, Дебар, Желино, Демир Хисар, Крушево, Липково, Пласница, Врапчиште, Берово, Пробиштип, Босилово, Василево, Новаци, Демир Капија, Сопиште, Виница, Пехчево, Гевгелија, Радовиш, Неготино, Свети Николе, Прилеп, Кочани, Могила.

Од сите општини и градови членството на СОНК со денови пред почетокот на второто училишно полугодие му порача на Неделков дека штрајк нема да има и дека нема да влегуваат во неговите лични „ниски страсти“.

Според релевантните извори од училиштата и од општините, вчера штрајкуваа само неколкумина професори кои се и дел од раководството на СОНК. Од министерството за образование по најавата за штрајк порачаа дека законски ќе ги ангажираат заменските наставници на место штрајкувачите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top