| четврток, 6 декември 2018 |

Однесувањето на хороскопските знаци по раскинување на врската

Прочитајте како се однесуваат хороскопските знаци по раскинувањето на врската или развод: кој тагува, кој брза во нова врска, кој глуми дека не му е ништо….

raskinuvanje

Овен

Овие личности тешко го поднесуваат раскинувањето. Не можат да прифатат дека ништо не било, дека грешеле некаде и дека некој не сака да биде со нив. Добро е дека фазата на гнев кај нив брзо минува, како  и тоа дека овие личности повторно брзо се „снаоѓаат“. Дури и да страдаат долго, тоа никој нема да го знае. Тие не се злопамтила и од секоја врска го понесуваат најдоброто и продолжуваат понатаму.

Бик

Овие личности сакаат стабилност на сите полиња, затоа не се одлучуваат лесно со некој да ја раскинат врската или да се разведат. Секогаш се трудат да ги надминат сите проблеми, за врската да не биде стресна. Раскинувањето го доживуваат како да се помрднало тлото под нозете, дури и кога тие ќе го остават партнерот. Но, тие толку многу се сакаат себеси што нема да дозволат долго да ги мачи нешто. По раскинувањето, без оглед на болката, брзо ја подигнуваат главата и продолжуваат понатаму.

Близнаци

Близнаците се во состојба брзо и лесно да ја раскинат врската и да продолжат понатаму. Себеси си објаснуваат дека така е подобро и дека таа личност не е за нив. Често остануваат во добри односи со поранешните партнери, а никогаш и никому нема да покажат дека тагуваат.

Рак

На овие личности раскинувањата им паѓаат многу тешко. Секогаш се враќаат во минатото, во состојба се неколку пати да раскинат и да ја обноват врската со една иста личност. Кога еднаш ќе доживеат љубовен бродолом, тешко може да се поврзаат со нова личност, затоа што се плашат дека повторно ќе бидат повредени.

Лав

Лавот не сака раскинување, но се во состојба по раскинувањето да се однесуваат како ништо да не се случило. Кога патат, тоа сите го знаат, но тоа не ги спречува брзо да си најдат нов партнер.

Девица

Девицата долго анализира зошто дошло до раскинување, било да се оставени или они оставиле некого. Бараат личност која што потполно ќе се вклопи во нивниот живот, а кога ќе ја најдат, мислат дека се мора да биде совршено.

Razvod

Вага

Вагата не покажува многу дека и е тешко по раскинувањето. Обично почесто се гледа со пријателите, семејството и глуми дека ништо не се случило. Вагата секогаш делува ладно, а одвнатре врие, но емоциите си ги чува само за себе. Не влетува лесно во нова врска по раскинувањето, повеќе сака да се забавува и да ужива.

Шкорпија

Шкорпијата не поднесува раскинување. Во состојба е да остане во лоша врска се додека не ги исцрпи сите ресурси. Не се откажува лесно. И треба многу време повторно да се поврзе со некого, стравувајќи да не се повторат работите од претходната врска.

Стрелец

Стрелецот е еден од знаците кои брзо наоѓаат нова љубов или по раскинувањето се „фрла“ на работа, патувања, нешто што ќе ја окупира нивната љубопитна природа. Без оглед на тоа, сепак се во состојба долго да анализираат, зошто дошло до прекинување на врската, кој е крив и дали можело да биде подобро. Тие не се потресуваат многу и брзо ја дигаат главата и продолжуваат.

Јарец

Овие личносто лесно разбираат дека дошло крај и дека неможе веќе понатаму. Тешко им е, но тоа не го покажуват. Се препуштаат на  времето да си го направи своето. Во следната врска не брзаат, за да не ја направат истата грешка. Тие воглавно се во долги врски.

Водолија

Прекинувањето на врската го преболуваат така што почесто се дружат со пријателите, патуваат, но често влетуваат во нова врска. Но, тоа не значи дека не им е тешко. Вешто крие кога тагува, се трудат да останат во пријателски однос со поранешниот партнер.

Риби

Тие воопшто не се нервираат по раскинувањето. Знаат дека постои некој друг за нив. Кратко тагуваат. Приватноста си ја чуваат за себе. Затоа никој нема да знае дека повторно се вљубиле.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top