| четврток, 6 декември 2018 |

Русија и Иран ја зајакнуваат воената соработка

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и иранскиот министер за одбрана, бригадниот генерал Хосеин Дехган потпишаа во Техеран денеска спогодба за воена соработка меѓу двете земји, јави ТАСС.

Шојгу по потпишувањето констатираше дека изминатите години руско-иранските врски во сферата на одбраната постојано се развиваат и оти сегашната спогодба создава „теоретска основа за зајакнување на соработката во воениот сектор“.

Тој прецизираше дека во преговорите било разговарано за поширока размена на делегации, подготовка на воени кадри, како и размена на искуства за мировни мисии и во борбата против тероризмот.

Тие се договориле и да ја прошират праксата на посета на воени бродови во пристаништа на Русија и Иран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top