| четврток, 6 декември 2018 |

Кради, па ќе те земам за жена

zlato

Во кражбата на златниот накит што се случи пред неколку дена во гостиварското село Градец била вмешана блиска роднина на семејството, извести СВР Тетово.

Таа кражба се случи на 10 овој месец кога дваесет и шестгодишната Л.С., блиска роднина на сопственикот на куќата, го украла златото, го завиткала во најлонско ќесе и го оставила пред вратата.
Оттаму го презел лице од скопски Сарај со кого девојката била во љубовна врска. Наводно тој ѝ ветувал дека ќе ја земе за жена доколку му помогне во кражбата. Во пленот за кој се полакомиле роднината и нејзиното момче имало повеќе парчиња алки, лири и прстени вредни повеќе од 15.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top