Велемајстори на фудбалската игра и луѓе со големо срце се Андреа Пирло и Роберто Баџо, играчи што не ја заборавија Бреша, клубот кој им помогнал во развојот на кариерата.
Пирло потекнува од Бреша, а Баџо таму ја заврши кариерата, а сега се во нова мисија да му помогнат на клубот да се спаси од банкрот и од бришење од фудбалската мапа во Италија.
Пирло е сѐ уште активен фудбалер и игра за Јувентус, и тоа како во најдобрите денови, а тој е главниот иницијатор за спас на Бреша. Клубот од северот на Италија се наоѓа на дното на табелата во Серија Б, а повеќе од резултатите го мачи беспарицата.
– Дадов сѐ од себе за спас на Бреша и мислам дека работите се движат во вистински правец. Разговарав со луѓе што се заинтересирани да вложуваат во клубот од моето дествов, клубот за кого навивам. Верувам дека сѐ ќе биде во ред и Бреша ќе продолжи да игра – изјави Пирло.
Роберто Баџо ја заврши кариерата во Бреша, а ако сѐ биде во ред, тој ќе биде новиот шеф на стручниот штаб на клубот што грчевито се бори за преживување. Во Бреша играа дузина познати фудбалери, меѓу нив и Жосеп Пеп Гвардиола, Лука Тони, Хубнер….
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.