Билатералните односи меѓу Македонија и Албанија се позитивни, но потребно е интензивирање на меѓусебната соработка, оценија на денешната средба премиерот Никола Груевски и претседателот на албанското собрание Илир Мета.
На средбата двете страни ја изразија својата посветеност кон европските и евро-атлантските интеграции како клучни стратешки определби на двете земји. Соговорниците ја истакнаа својата заложба за унапредување и продлабочување на економските односи, трговската размена и соработката на реализацијата на инфраструктурни проекти, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот.
Премиерот Груевски истакнал дека Македонија е посветена на натамошното унапредување на добрососедските односи со Албанија и за интензивирање на меѓусебната соработка. Беа истакнати нашите тековни инфраструктурни проекти на Коридорот 8 кои ќе придонесат за подобрување на меѓусебната поврзаност, олеснување на протокот на патници и стока, како и засилување на трговските односи. Се истакна изградбата на автопатот Кичево – Охрид, подготовките за изградба на автопатот Гостивар – Кичево по пат на концесија, како и подготовките за изградба на железничка пруга до албанската граница. Беше наведена подготвеноста на Владата за дополнително енергетско поврзување помеѓу двете земји, за чие финансирање постои интерес и од страна на Европската банка за обнова и развој.
Претседателот на албанското Собрание Мета изрази позитивни оценки за работењето на македонската Влада, особено на полето на привлекување на странски инвеститори, како и во областа на земјоделието и безбедноста на храната истакнувајќи дека преземањето на нашите искуства од овие сектори може да е од интерес за Албанија и изрази подготвеност за зајакнување на соработката. Тој го истакна и интересот на Албанија за железничко поврзување на двете земји како особено значајно за подобрување на меѓусебната трговија, но и за трговијата со останатите земји од регионот.
Соговорниците разговараа и за можностите за продлабочување на соработката во областа на туризмот и други стопански сектори од взаемен интерес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии