Штрајк нема никаде освен во Куманово и во Струмица. Најавениот штрајк на СОНК доживува дебакл. Наставата се одвива редовно и се реализира наставната програма. Наставниците држат часови, учениците се присутни. Градинките редовно работат, децата се згрижени.
Во скоро сите општини наставата се одвива редовно, можеби по два- тројца наставници, пред сѐ од раководствата на СОНК се придржуваат кон штрајкот, но останатите над 99 проценти од наставниците не го поддржаа штрајкот и ја држат наставата.
Според информациите од теренот штрајкот на наставниците се одржува само во куманово и во Струмица, каде што најголемиот дел од наставниците се присутни на работното место но не држат часови. Според Законот, доколку ваквата ситуација се пдржи , за да се овозможи редовна настана и заштита на интересот на учениците, моѓат да се воведат заменски наставници. Според информациите, листите со заменски наставници се подготвени и тие се спремни за да бидат воведени во наставата доколку има потреба.
Ваквиот развој на настаните и пропаѓањето на најавуваниот штрајк е фијаско за Јаким Неделков. Дополнително се нарушува неговиот кредибилитет во СОНК бидејќи неговиот пристап не даде резултати. Членови на СОНК од цела Македонијаизминатите денови истакнуваа дека не го поддржуваат штрајкот кој е лична агенда на Неделнов во пресрет на изборите во СОНК од кој немаат интерес ниту наставниците ниту учениците ниту пак родителите.
Денешниот ден покажа дека Неделков не доби поддршка од наставниците, туку само од две општини кои се под контрола на опозициската партија и таа подршка има единствена политичка конотација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.