Џенифер Анистон и Анџелина Џоли присуствуваа на ист настан, првпат по разделбата на Анистон со Бред Пит. Двете актерки успеаа да избегнат непријатно сретнување на црвениот тепих на „Critics Choice Movie Awards“.
Интересно е дека двете долги години не се појавуваат на настани, на кои може да се сретнат, откако поранешниот сопруг на Анистон, ги избра прегратките на Џоли. Последно актерките присуствуваа на наградите„Оскар“ во 2009 година.
Синоќа Анистон, која носеше стилски костум на „Гучи“, во комбинација со златен ѓердан, дојде на церемонијата заедно со нејзиниот вереник Џастин Тероу. Џоли, која пристигна без нејзиниот сопруг, позираше со обожавателите и потоа се смести на спротивната страна на салата.
За време на една од паузите за реклами, Џенифер и нејзиниот партнер излегле од салата, додека Анџелина останала на своето место. На крајот на церемонијата двојката веднаш си заминале, а Анџелина била забележана како разговара со колегите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.