| четврток, 6 декември 2018 |

Чолиќ и Балашевиќ во преговори за „Икс-фактор“

Втората сезона на „Икс-фактор“ ќе заполне во емитување во март, а аудициите веќе се во тек. Во меѓувреме продукцијата преговара со неколку балкански музички ѕвезди кои би можеле да се најдат на четирите црвени столчиња наменети за жирито.

Според српските медиуми, најголема желба на продукцијата моментално се Здравко Чолиќ и Ѓорѓе Балашевиќ.

Бидејќи од годинава и Хрватска се приклучува на останатите земји учеснички, засега е сигурно дека една од водителите ќе биде токму Хрватка и тоа Антонија Блаќе, позната како водителка на популарното реално шоу „Големиот брат“.

Неа би можела да ѝ се придружи и сонародничката Нина Бадриќ, и тоа како член на жирито, а во менаџментот истакнуваат дека преговараат и со уште една хрватска ѕвезда. Се шпекулира дека тоа би можела да биде Јелена Розга или, пак, Џибони, додека членови од Србија би можеле да бидат Емина Јаховиќ, Владо Георгиев или Александра Радовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top