| четврток, 6 декември 2018 |

Кина има четири нуклеарни подморници со балистички проектили

Кина во моментов располага најмалку со четири нуклеарни подморници од класата „Џин“ (проект 094), кои може да носат балистички проектили, пишуваат во понеделникот кинеските медиуми и истакнуваат дека од високи безбедносни извори досега било познато за постоењето на три вакви подморници.

Во извештаите се наведнува дека секое од овие пловила на нуклеарен погон е способно да носи до 12 интерконтинентални ракети „Џјуилан-2“(JL-2). Според процените на американски Пентагон, дострелот на овие балистички ракети со боева глава која се одделува изнесува околу 7.400 километри.

Класата „Џин“ е најмодерната во доменот на подморниците на нуклеарен погон во составот на воено-поморските сили на кинеската армија. Најмалку три вакви подморници се стационирани во зоната на Јужната флота, на островот Хаинан.

На почетокот од декември, американската агенција Bloomberg повикувајќи се на годишниот извештај до Конгресот доставен од комисијата за американско-кинеските односи во сферата на економијата и безбедноста, објави дека Кина се подготвува своите подморници да ги вооружи со проектили со боеви глави кои ќе имаат дострел до територии на САД. Според овој документ, кинеските подморници со атомски ракети требало да запловат до крајот на 2014 годна. Кина, според тоа, „првпат ќе добие сигурно нуклеарно средство за одвраќање од море.

„Првпат во историјата кинескиот нуклеарен арсенал ќе биде способен за издржување на првиот удар. Тоа е последниот чекор, неопходен на Кина да ѝ гарантира можност за одмазнички нуклеарен напад“, оцени кон крајот на минатата година експертот од вашингтонскиот Центар за стратешки и меѓународни студии, Николас Џакомети.

Во документот на американскиот Конгрес, исто така, се наведува дека „не е можно да се утврди точниот број на расположливите нуклеарни балистички ракети и нуклеарни боеви глави кои ги поседува Кина, поради затворениот карактер на нејзината нуклеарна програма“.

Авторите на извештајот појаснуваат притоа дека последните информации на Пентагона за кинескиот нуклеарен потенцијал датираат од 2006 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top