Полицијата во Дрезден забрани за денеска организирање на сите собири на отворено поради зголемена опасност од терористички напади, јави ДПА.
Полицијата располага со информации за подготвувани напади против приврзаници на антиисламистичкото движење ПЕГИДА, кое вчера објави на Фејсбук дека го откажува за денеска планираниот митинг.
Според специјалните служби, терористи планирале да се измешаат со учесници во демонстрациите, при што целта им била да го убијат еден од главните организатори на протестот Луц Бахман.
Во соопштението на полицијата се наведува дека поради потенцијална опасност за животот и здравјето на сите учесници манифестациите на отворени ќе бидат откажани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.