Рускиот претседател му пратил пишана порака на претседателот на Украина во која го излага планот за повлекување на тешкото вооружување на истокот од Украина но Киев тој план го одбил.
Владимир Путин пораката на Поршенко му ја упатил во четвртокот во која на двете страни во конфликтот им понудул конкретен план за повлекување на тешкото вооружување рекол прес секретарот на рускиот претседател.
„За жал, украинската страна го одбила овој план не понудувајќи ништо наместо тоа. Додатно, продолжила со борбените операции“, рекол Песков.
Русија денеска го повика сите членки на меѓународната заедница да извршат притисок на Киев да се откаже од употребата на сила на истокот од Украина, соопштило руското министерство за надворешни работи.
„Неопходно е веднаш да престанеме со борбените операции во Украина и да го обновиме прекинот на огнот и мисијата на Организацијата за европска соработка (ОБСЕ) треба да има посебна улога во тоа“, се наведува во соопштението објавени на веб сајтот на министерството.
Министерството соопштило дека Русија прави се да организира состанок со Контакт групата за Украина.
Обновувањето на борбените активности во областа на Доњецк не допринесуваат кон решавање на конфликтот на истокот од Украина, рекол Песков, изразувајќи крајна загриженост поради обновувањето на борбените дејствија во Доњецк и пукање по станбените квартали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


