Новоизбраната хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ побара од генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун да ги преземе сите мерки за враќање на Воислав Шешељ во притвор во Меѓународниот суд во Хаг и што е можно поскоро да се донесе пресуда за неговиот случај.
– Со ослободувањето на Шешељ се поткопува целта, поради која Советот за безбедност го основа Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија. Затоа барам од Вас да ги преземете сите потребни чекори за да се овозможи Шешељ да се врати во притвор во Хаг се додека не ги исполни условите за привремено пуштање на слобода, кои сите други затворенци на Судот мора да ги исполнат- се наведува во писмото на Грабар Китаровиќ до Бан Ки-мун, кое денеска нејзиниот изборен штаб го достави до агенцијата Хина.
Според Грабар Китаровиќ под околности, кои не се сосема јасни, Судот во ноември 2014 година го пуштил на привремена слобода Шешељ од „хуманатарни причини поради влошената здравствена состојба“.
– Меѓутоа Судот за привременото пуштање на слобода не му одреди услови, кои инаку се вообичаени – вели таа.
Грабар Китаровиќ нагласи дека од Шешељ не било побарано да се воздржи од јави настапи или ангажмани во политичкиот живот додека е на привремена слобода, како и дека тој не бил обврзан да се врати во Судот, кога тоа ќе биде побарано од него.
Шешељ е обвинет во 2003 година, судењето заврши во 2010 година, но досега не е донесена пресудата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Колинда Грабар Китаровиќ стана доктор на политички науки: Два часа ја бранела темата
-
Колинда фризерка: Дала се од себе да ја намести косата на новинарката на ХРТ, па стана хит(видео)
-
Диета по која полудеа жените: Колинда замина на одмор како друга жена
-
Шешељ нема да оди во затвор: Судот во Хаг го осуди на 10 години затвор, кои веќе ги одлежа