| четврток, 6 декември 2018 |

Скопските училишта нема да штрајкуваат

распуст

Наставниот кадар од градинките, основните и средните училишта во Скопје нема да штрајкува и навреме ќе го започнат второто полугодие, истакна денеска на прес-конференција градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски по средбата со градоначалниците од општините во Скопје, по повод најавениот штрајк на СОНК.

Трајановски информираше дека градоначалниците на општините во Скопје имале средби со директорите на училиштата и градинките од општините во кои припаѓаат и биле информирани дека во ниту едно училиште не бил пријавен штрајк.

– Сакаме да ги информираме учениците дека во вторник на 20 јануари да дојдат во училиште затоа што наставата ќе се одвива без никакви пречки, а родителите да ги донесат децата во градинките, бидејќи тие нормално ќе функционираат – истакна Трајановски.

Појасни дека за наставниците што сакаат да штрајкуваат, надлежните институции ќе обезбедат замени, а за тоа време нема да примаат плата.

Доколку учениците губат од наставата поради штрајк, Трајановски рече дека наставата ќе се одржи или во саботите или пак ќе се продолжи учебната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top