Францускиот претседател Франсоа Оланд ги потсети земјите во кои се протестираше против карикатурата на Мухамед на насловната страна на „Шарли ебдо“ дека „Франција има принципи и вредности“ и дека „меѓу тие вредности се вбројува и слободата на изразување“. Оланд оваа изјава ја даде на пазарот во Тул во Корез, при што тој потсети дека „овие земји Франција ги поддржа во борбата против тероризмот“.
Запрашан од новинарите за запалените француски знамиња на повеќе демонстрации, посебно во Африка, Оланд одговори: „не е завршено со ваквото однесување, потребно е тие да бидат казнети, бидејќи кога тие се случуваат во Франција се нетрпеливи, но исто така и во странство“.
– Мислам посебно на овие земји кои не можат да сфатат што е слобода на изразување бидејќи таа им е ускратена. Но исто така, овие земји ги поддржавме во борбата против тероризмот, и јас ќе им ја изразам мојата солидарност, но истовремено, Франција има принципи и вредност и меѓу нив се вбројува и слободата на изразување, додаде францускиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија